Домашно тесто за пица

 

Највкусните пици се прават со домашно тесто за пица. Се припрема брзо, а останатите состојки за пица ги оставаме на вашата имагинација и вкус.

Измешајте 1 децилитар вода и 1.5 децилитри млеко, постепено загревајќи ги додека не станат млаки. Додајте малку, сол, шеќер и бибер, по што смесата ја дополнувате со 1 квасец. Дотурете малку брашно и мешајте за да не се направат грутки по што смесата ја оставате да отстои околу 15 минути.

Во нараснатото тесто ставате 1 децилитар масло за јадење и го додавате остатокот брашно (севкупно 300 грама) мешајќи се додека не добиете мазно тесто.

 

Тестото за пица го растегнувате и го ставате во претходно подмачката тепсија. Останатото е добро познато: кечап или доматен сос и врз него состојки по желба. Се пече околу 5 минути во загреана рерна на 220 степени.

25.06.2014 - 19:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега