Поповолна состојбата во преработувачката индустрија

 

Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во мај во однос на април годинава е поповолна, а понеповолна  споредено со мај лани, оценуваат раководителите на фирмите. Според податоците кои ги објави Државниот завод за Статистика, понеповолни оценки за мај во однос на април раководителите изнеле за обезбеденоста на производството со порачки и за обемот на производството. Нивните очекувања се поповолни  за обемот на производството во наредните три месеци, но понеповолни за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај годинава изнесува 61,1 процент од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството  имале недоволната странска побарувачка со 27,3 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,5 проценти, неизвесното економско опкружување со 9,01 процент и конкурентниот увоз со 8,4 проценти, говорат податоците од Статистика.

26.06.2014 - 14:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега