ТДР: Стабилен пазарот на цигари во Македонија

 

ТДР, водечкиот производител на цигари во Југоисточна Европа,континуирано го проширува своето работење на македонскиот пазар. Во последните три години зголемен е уделот на пазарот, приходите и количината на продадени цигари,а зголемено еи количеството на македонскиот тутун кој ТДР го откупува за производство на своите цигари.

Во 2013-та година ТДР во Македонија продаде 510 милиони парчиња цигари,што е раст од 7 проценти во однос на претходната година. Во последните три години продажбата на цигари на ТДР на македонскиот пазар бележи раст со просечна годишна стапка од 16 проценти. Растотпродолжува и во текот на оваа година, во која ТДРбележи понатамошно зголемување на уделот на пазарот, кој денес изнесува 7,3 проценти. Во Буџетот на Македонија ТДР уплаќа околу 16,3 милиони евра годишно.

"ТДР континуирано бележи раст на македонскиот пазар. Со продажбата на нашите производи, ТДР е присутен на пазарот и како значаен откупувач на македонскиот ориентален тутун. Од година во година ја зголемуваме количината на откупениот тутун, па така минатата година се откупени 1.050 тони тутун, што е раст од 5 отсто во однос на претходната година. Македонскиот тутун претставува најважен ориентален тутун во нашето производство и сите наши цигари содржат македонски ориентален тутун", изјави на денешната прес конференција во Скопје претседателот на Управата на ТДР, Мато Задро.

За разлика од остатокот на регионот, пазарот на цигари во Македонија е стабилен на што најмногу влијаеше фактот што во изминатите седум години немаше раст на акциза. За следниот десетгодишен период е утврден календар и динамиката со која ќе расте акцизата. Таквата стабилност на регулаторното окружување значително придонесува за стабилноста на тутунската индустрија во Македонија. Иновациите и проширувањето на своето работење се темел за иден раст и одржлив развој, така што на македонскиот пазар оваа година ТДР лансираше нови производи во семејство Ronhill - Ronhill wave. Исто така, нови производи беа лансирани и во брендови Walter Wolfи Benston, а со иновациите ТДР продолжува и понатака.

 

 

26.06.2014 - 15:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега