Од понеделник поскапуваат цигарите во Македонија
Од почетокот на јули во Македонија почнува да се применува десетгодишен каледнар за етапно зголемување на акцизите на цигарите и за очекување е дека ќе растат и малопродажните цени.
Од компанијата ТДР засега не откриваат дали и колку нивните производи ќе поскапат, но велат мерката секако ќе се одрази врз производителите.
Менаџментот на компанијата вели дека земјава има најмал црн пазар на цигари во регионот кој зафаќа само 2%, додека во некои земји изнесува и до 20% заради што компаниите имаат значителен пад на продажбата.
ТДР која продава во регионот, неколку европски земји, а од лани и на Блискиот Исток, најголемиот дел од ориенталниот тутун го купува од Македонија во количини кои се двојно поголеми од количините кои потоа тука ги продава.
Доколку Македонија, како голем производител на ориентален тутун, постапува по препораките на СЗО за намалување на производството , тоа може да предизвика негово поскапување, но и потрага по нови откупшни пазари, велат од компанијата која по основ на акцизи и ДДВ лани во буџетот платила над 16 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа