Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
Суд во Норвешка осуди лекар на 21 година затвор за силување и сексуално злоставување десетици жени.
Поранешниот матичен лекар Арне Баје е осуден по 70 точки за силување и сексуален напад. Тој е осуден и по 82 точки за злоупотреба на лекарската функција, според норвешките медиуми.
Речиси сите злосторства се случиле за време на медицински прегледи што Баје ги вршел врз своите пациенти додека работел како лекар во малиот норвешки град Фроста – заедница со помалку од 3.000 жители.
На Баје му е забрането и да се занимава со медицина и му беше наредено да плати отштета.
Судот расправаше за обвинението, кое вклучуваше обвинувања од 94 жени за речиси две децении, јавија норвешките медиуми. Во ординацијата тој тајно поставил камера со која ги снимал пациентките.
Баје се изјасни за виновен за некои од злосторствата. Судот ја читаше пресудата повеќе од еден час.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа