„Нов ден е, имаме право“ – Повторно пауза во Собранието, пратениците ќе продолжат да расправаат во 01:30 часот

Нова едночасовна пауза на собраниската седница на која пратениците расправаат за предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

По 40 минути расправа пратеникот од Левица, Борислав Крмов побара едночасовна пауза.

-Нов ден е, помина полноќ, имаме право на пауза, рече тој.

На ова претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза од еден час.

Се очекува седницата да продолжи во 01:30 часот.

08.06.2024 - 00:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега