Нов хорор во Есен: Маж ја избодел својата сопруга Македонка до смрт

41-годишна Македонка од Кавадарци била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, јавува Билд.

Ова убиство се случило пред една недела во стан во Есен. Нејзините повреди биле толку тешки што искрварила до смрт. Сопругот, исто така Македонец, се обидел да избега, но бил фатен во соседниот град Гелзенкирхен.

Полицијата ја известил постариот 16-годишен син на жртвата кој кога дошол дома го нашол помалиот брат како стои пред заклучената врата од станот.

Полицијата во Есен информира дека на местото на убиството имало докази за 47-годишен осомничен (Македонец), кој е сопруг на починатата жена.

23.02.2024 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега