Нов руски напад: Жртви и уништени куќи во Запорожје

 


Во рускиот напад на Запорожје утрово најмалку две лица се ранети, а приватни куќи се уништени, соопшти Иван Федоров, началникот на Воениот округ Запорожје.

„Засега се познати две жртви. Лекарите им помагаат. Подетални информации ќе бидат доставени подоцна“, рекол Федоров на Телеграм, пренесува Укринформ.

Агенцијата наведува дека околу 06:00 часот утринава силни експлозии одекнале во Запорожје.

10.10.2024 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега