Нов силен земјотрес ја погоди Грција


Попладнево околу 12.37 часот по локално време нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.

29.03.2024 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега