Нов ургентен интернистички центар на Клиниката за Токсикологија

 

Денеска во Министерството за здравство беше потпишан договор од страна на министерот Фатмир Меџити и претставници на компаниите „Алкалоид“ и „Комерцијална Банка“.

Денеска, со поддршка од општественo одговорнитe компании ,,Алкалоид" и ,,Комерцијална банка", потпишавме договор за формирање нов ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија. Ова е инвестиција којашто ја најавив како еден од нашите приоритети и навистина сум многу горд што почнуваме со нејзина реализација. Ова е исполнување на уште едно ветување“ – изјави Меџити.

Како што појасни целта на овој тријажен центар е е да претставува прв контакт со пациентите, каде што е предвидено да се пружа итна здравствена заштита.

Тука, пациентите од нивниот прием би престојувале 24 до 48 часа по што, доколку е потребно, би се упатиле во болничките оддели на некоја од интерните клиники или би биле пуштени дома. Следејќи ги современите стандарди за врвни и квалитетни здравствени услуги, ќе се изврши реконструкција на простор од околу 750 метри квадратни. Во склоп на просторот ќе има и посебна просторија за опсервација на пациенти интензивна нега, како и полуинтензивна нега. Во просториите на интернистичкиот ургентен центар ќе бидат сместени и компјутерски томограф, рентген, ЕХО апарат, ендоскопија- додаде министерот.

06.02.2024 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега