Нов Зеланд го повлекува законот за забрана на цигари
Нов Зеланд денеска ќе го повлече законот, со кој за првпат во светот, се забранува продажба на тутун за идните генерации, соопшти Владата на таа земја.
Законот требаше да стапи на сила во јули, а тој вклучуваше забрана за продажба на тутун за родените по 1 јануари 2009 година, намалување на содржината на никотин во тутунските производи, како и бројот на продавници за тутун за повеќе од 90 проценти.
Новата коалициска влада избрана во октомври потврди дека законот ќе биде повлечен денеска по итна постапка.
27.02.2024 - 10:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа