Новак Ѓоковиќ победи на спектакуларното финале на Вимблдон и се израмни со Федерер и Надал на вечната листа

Новак Ѓоковиќ извојува победа на финалето со Матео Беретини кое беше спектакуларно.

Тој го освои третиот сезонски Грен слем трофеј, откако со 3-1 го совлада Италијанецот кој пружи силен отпор и одигра добар натпревар, немаше сили за подвиг на оваа средба. Ѓоковиќ поведе, а Беретини израмни на 1-1. Српскиот ас одигра одлично, го крена темпото и квалитетот и заслужено победи.

Ѓоковиќ, во еден момент со прекрасен лоб удар го испрати ривалот во аголот, но Беретини одговори со фантастичен „твинер“, односно удар меѓу нозе, што ја врати иницијативата на негова страна.

Најдобриот тенисер на светот се обиде да возврати со удар од зад грб и ја погоди мрежата во најубавиот поен во финалето.

Српскиот ас фуриозно го започна овој дуел и експресно се избори за брејк-предност и водство од 5-2 во гемови. Италијанецот уште еднаш покажа трпеливост и квалитет во клучните моменти и со неверојатен пресврт стигна до тај-брејк.

 

Ѓоковиќ го освои дваесетти Грен слен трофеј во својата кариера и ја обедини „големата тројка“. Сега, Новак, заедно со Федерер и Надал фигурира на врвот на вечната листа.

11.07.2021 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега