Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата. 

 

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС - 95 се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе биде 73 денари за литар, а на Екстра лесно масло за домаќинство 71,50 денари за литар.

Мазутот се продава по цена од 44,381 денари за килограм. 

05.08.2024 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега