Нови цени на горивата од полноќ

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за малопродажните цени на нафтените деривати.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во петкот се намали за 2,50 ден/лит, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) сега изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се сменија, односно останаа на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит.

30.06.2025 - 09:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега