Нови детали од трагедијата во семејството на Роналдо: Никој не очекувал такво нешто до последен момент
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо соопшти вечерва дека неговата вереничка Георгина Родригез изгуби едно од бебињата.
Роналдо на Инстаграм објави дека починало едно од близнаците, а англиските медиуми ги откриваат деталите.
Британски „Сан“ пишува дека синчето починало откако Георгина се породила, а до тој момент никој не се сомневал дека може да се случи проблем.
Кристијано и Георгина на крајот на октомври објавија дека чекаат близнаци, момче и девојче.
Девојчето ќе биде петто дете, а едно веќе има од љубовната врска со Георгина.
18.04.2022 - 23:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа