Нови детали: Тројца маскирани сакале да го украдат прометот за Блек Фрајдеј
Тројца маскирани влегле вечерва во продавницата на Нептун кај градски стадион. Биле маскирани и според првичните неофицијални информации сакале да ги украдат парите од прометот за Блек Фрајдеј.
Од снимките од местото на настанот може да се забележи дека еден од маскираните напаѓачи е соборен на земја, а според најновите информации од полициски извори во рацете на полицијата паднал и вториот напаѓач. Се трага по третиот.
Станува збор за обид за кражба, а се слушнале и истрели.
Полицијата е на местото на настанот, а граѓаните кои си пазарувале се видно вознемирени.
29.11.2024 - 21:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа