Нови детали за грозоморното трикратно убиство во Србија: Ги ограбил и закопал илјадници евра (ФОТО)

Српската полиција синоќа го уапси осомничениот за убиството на тричленото месејство Ѓокиќ. Спред српските медиуми, убиецот е нивен роднина – Горан Џониќ, кој е братучет на убиениот сопственик на менувачница Горан Ѓокиќ.

Како што пишуваат медиумите во Србија, осомничениот и жртвите биле многу блиски, а никогаш претходно немале проблеми. Според Блиц, тој за монструозното убиство ги обвинил неговите двајца синови, но и тие, и неговата сопруга биле испрашувани на полиграф и го поминале тестот.

Српските медиуми денеска објавуваат детали за трикратното убиство. Според Телеграф, полицијата наводно пронашла 43.000 евра, а првичните сомнежи се дека тие биле украдени од автомобилот на семејството Ѓокиќ откако биле убиени.

Полицијата наводно парите ги пронашла во запуштена нива зад куќата на еден од синовите на осомничениот Џониќ. Полицијата пронашла ископано парче земја и таму, како што пишуваат српските медиуми, поставени се полициски ленти.

Мислејќи дека ќе може да ја попречи трагата на полицијата, Џониќ по злосторството наводно закопал дел од својот плен во дворот на куќата на неговиот син, а со дел од парите платил долг, а се верува дека оваа постапка го предала и сомнежот паднал врз него.

22.10.2021 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега