Нови снимки од славењето во Куманово: Ја пцујат Србија и пукаат со пиштоли
На социјалните мрежи се појавија нови снимки од инцидентите за време на вчерашната прослава на денот на знамето. На едната снимка се гледа како учесниците ја пцујат Србија и пукаат со пиштоли.
На друга снимка, се гледа како група деца малтретираат возач, покривајќи го неговиот автомобил со албански знамиња за време на прославата во Куманово.
– На 28.11.2024 во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме, соопшти полицијата, информирајќи дека биле оштетени шест автомобили.
-Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола, се вели во официјалното соопштение на МВР.
Но полицијата не соопшти дали трага по учесниците во прославата кои пукаа со пиштоли на плоштадот во Куманово.
Денес во Куманово pic.twitter.com/iBendjSocw
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024
Еве ова е куманово племе каде е држава... #kumanovo https://t.co/B1NtBl0fuE pic.twitter.com/OEabWhot1x
— certi (@frenkidejon) November 29, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа