Новиот градоначалник на Кочани до угостителите: 30 дена да се прилагодат или летните тераси ќе им бидат срушени
В.д. градоначалникот Крстевски им даде рок од 30 дена на угостителите да ги прилагодат летните тераси согласно со законските прописи. Во спротивно, ќе следи насилно рушење на нелегалните објекти, што ќе доведе до дополнителни трошоци за сопствениците.
На состанокот со сопствениците на угостителските објекти беше соопштено дека во најкус можен рок ќе се објави тендерска постапка за фирма која ќе ги отстрани нелегално изградените објекти. Крстевски нагласи дека на угостителите ќе им биде даден рок од 30 дена за да ги отстранат или прилагодат објектите според соодветните одобренија. Во случај да не го направат тоа, ќе следи насилно рушење.
Исто така, угостителите на состанокот посочија дека со години работат по оваа практика бидејќи им било дозволено тоа, а редовно ги подмируваат сите давачки кон државата и локалната самоуправа.
Целта на отстранувањето на нелегалните објекти е да се олесни пристапот на службите, како што се протипожарната служба, амбулантата и полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа