Ново медицинско откритие: Научниците пронашле нов орган во грлото на човекот
Тим научници открил нов орган во грлото на човекот во текот на истражување на карцином на простатата.
Претходно, експертите сметаа дека во пределот на назофаринксот зад носот постојат само микроскопски плунковни жлезди. Но, истражувачите од холандскиот Институт за рак откриле нов пар плунковни жлезди со должина од околу 1,5 инчи додека ги скенирале клетките на рак на простатата, користејќи „CT“ скенирања и скенирања наречени „PSMA PET-CT“.
При скенирањето, лекарите вбризгуваат радиоактивна „трага“ во пациентот. Ваквата трага добро се врзува за протеинот „PSMA“ кој е зголемен во клетките на карциномот на простатата. Таквиот вид скенирање е исто добар во откривање на ткива на плунковните жлезди.
За да го потврдат своето окритие, научниците предводени од онкологот за зрачење Воутер Вогел, прегледал 100 пациенти и кај сите 100 ги откриле ваквите жлезди, лоцирани зад носот и над горното непце, во близина на центарот на главата. Исто така, тимот научници го сецирал регионот на назофаринксот кај 2 трупа и ги добиле истите резултати.
Наодите на научниците би можеле да помогнат во намалување на несакани ефекти од некои третмани на карцином.
Лекарите кои користат радиотерапија за лекување на рак на главата и вратот се обидуваат да ги избегнат трите главни плунковни жлезди бидејќи нивното оштетување може да предизвика потешкотии при јадењето, говорот и голтањето кај пациентите.
Но, несвесното присуство на четврт пар жлезди, тие и понатаму го зрачеле тоа подрачје што значи дека пациентите и понатаму имаат несакани ефекти.
„Нашиот следен чекор е да дознаеме како најдобро да ги поштедиме овие нови жлезди и кај која група на пациенти. Ако успееме во тоа, пациентите може да имаат помалку несакани ефекти, што ќе биде од корист за нивниот квалитет на живот по лекувањето“, изјавил д-р Вогел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа