Нутриционистот Предраг Ненадиќ: Поради ова се дебелеете и кога престанувате да јадете маснотии и шеќер
Лековите за слабеење, „магичните таблети“ и ништо што преку ноќ го решава проблемот со вишокот килограми се нешто во што нутриционистот Предраг Ненадиќ не верува. Тој вели ни диетите не смеат да се спроведуваат без надзор на лекарите и договорот со нив околу тоа која диета му одговара на нашиот организам.
Според докторот Ненадиќ, секој од нас треба да има силна волја и решителност од исхраната да го исфрли она што не му одговара, но да го ограничи својот оброк.
„Можете вие од исхраната да ги исфрлите шеќерите и маснотиите, но да јадете големи оброци, па така повторно ќе се дебелеете. Ако два литри вода ставите во шише од еден литар, ќе дојде до претекување. Така е исто и со човечкото тело. Без оглед колку здрава храната јадете, ако јадете обилно, ќе дојде до гоење“, тврди Ненадиќ.
За да се ослободите од кандидата во цревата, доктор Ненадиќ го предлага следново:
„Можете да пиете јаболков оцет, но и сок од зелка. Свежата зелка се ренда и се потопува во вода и се остава два дена во фрижидер. После два дена, таа вода ја пиете. Таа ќе помогне да се излечи кандидата.
Јаболковиот оцет се пие така што 2 супени лажици се ставаат во 200 милилитри вода и се пијат во текот на денот неколку пати.
Ако патите од несоница, измешајте мед и јаболков оцет во еднакви количини и тоа изедете го пред спиење“, советува докторот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа