Обамејанг претепан и ограбен од масикрани разбојници во својот дом
Пјер-Емерик Обамејанг, во текот на изминатата ноќ бил нападнат од маскирани разбојници во неговиот дом. Обамејанг бил ограбен во неговиот дом во Кастелдефелс кај Барселона, откако се вратил од натпреварот против Ваљадолид (4:0).
Според „Ел Паис“, Обамејанг бил пресретнат од разбојниците кои наводно и го претепале. Тие на нишан го држеле играчот на Барселона. Покрај пиштолите, во рацете држеле и метални шипки, но засега нема потврда дека Обамејанг бил претепан со овие предмети.
Неофицијално, сè се случило околу еден час по полноќ, а најмалку четворица вооружени напаѓачи преку градината влегле во неговата вила, пишуваат шпанските медиуми.
Габонецот бил нападнат пред очите на сопругата и драмата завршила откако го отворил сефот во кој го чува накитот. Откако разбојниците си заминале со бело „Ауди А3“, Обамејанг повикал полиција.
Фудбалерите се повеќе се мета на провалници, особено во Шпанија, бидејќи во последните години беа ограбени неколку играчи на Барселона, Атлетико и Реал Мадрид.
Она што е бизарно е што ова се веројатно последните денови на Габонецот во Барселона. Тој се подготвува да се врати во Англија. За неговиот потпис се борат Челси и Манчестер јунајтед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа