Обид за бегство од Идризово, службеник пукал во воздух

Вчера во 10.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот Г.А.(41) ја прескокнал заштитната ограда и се обидел да побегне, но набргу бил фатен од службеници на затворската полиција и бил вратен во установата.

Притоа, еден од службениците од службениот пиштол испукал еден предупредувачки кушрум во воздух.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

18.07.2024 - 19:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега