Обид за грабеж на банка во Сплит, убиен мaж во престрелка
Слободна Далмација пренесува дека денеска нешто пред 12 часот во Сплит се случил обид за грабеж во банка спроти зградата на Општинскиот суд.
Очевидци пријавиле дека разбојникот наводно го зел како заложник обезбедувачот и се обидел да побегне, но полицијата брзо пристигнала на местото на нападот и дошло до престрелка.
Млад човек загинал во вкрстен оган со полицијата, а според првите информации на тамошните медиуми, младиот човек пукал во полицајка, која возвратила по обидот да ограби банка.
Првите информации велат дека разбојникот е убиен, но се уште нема официјална потврда на оваа информација од сплитската полиција.
Според написите на местото на обидот за грабеж на банката први пристигнале две полицајки и дека разбојникот почнал да пука.
Тие се обиделе да го предупредат пукајќи од службените пиштоли во воздух, но тој не обрнал внимание, па пукале и го убиле.
„Го напуштив теренот и наеднаш слушнав викање и истрели. Бев страшно исплашен, не знаев што се случува, па истрчав да се сокријам“, изјави еден од сведоците.
Полицијата го опколи поширокото место на злосторството, а сообраќајот во една од главните улици во центарот на Сплит, беше блокиран од 12:30 часот.
Зградата на банката е оддалечена само 10 метри од општинските и окружните судови и околу 30 метри од зградата на Сплитско-Далматинската полиција.
Полицијата најави дека наскоро ќе објави информација за настанот.
Според очевидци, разбојникот наводно зел како заложник еден обезбедувач и се обидел да побегне, но полицијата пристигнала многу брзо и дошло до престрелка, пишува „Слободна Далмација“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа