Објава која ја коментира скоро цела Македонија: „Внук ми го седнале до провинцијалец па ми кажа „дек си ма тето“

 

Ако прошетате низ Скопје, веројатно најмалку ќе слушнете скопски дијалект, а уште поретко литературен македонски јазик. И нормално скопјаните (од кои повеќето имаат потекло од некој друг град, што нивните родители се доселени во Скопје) ќе кажат: „Аман од овие провинцијалците! Сè ни окупираа – факултетите, работните места, кај и да се свртиш само провинцијалци.

Некои скопјани велат: „Провинцијалците доаѓаат тука и го уништуваат пазарот на труд со тоа што се нафаќаат да работат за мизерна плата од 18.000 илјади, иако за истото работно место платата можеби изнесува 27.000 денари.

Од друга страна, некои други луѓе од Скопје (секоја чест на исклучоците) најчесто коментираат дека Скопје е убав град и дека провинцијалците ја валкаат метрополата, ги крадат работните места и уште многу други работи.

Еден таков коментар се провлече и на Твитер, каде извесна тетка на првоодделенец пишува:

,,Внук ми (7) прваче, вчера во школо го седнале до некое девојче од јужна Македонија. Го зимам денес и во сред школски двор ми се дере: ,,Дек си ма тето?!’’

Нека се спреми утре учителката за сериозен разговор со мене, ако треба и директорката ќе биде вмешана.’’

Вака гласи твитот, а дел од коментарите под него се да го отпишат детето или да ги преместат децата од провинција во последна клупа.

Па, што мислите вие за ваквите коментари?

 

 

 

25.11.2022 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега