Објавена тајна снимка на која Робињо признава дека извршил силување во Италија

 

Бразилецот Робињо е осуден во Италија на девет години затвор за групно силување на девојка која го прославувала својот 23 роденден во ноќен клуб во Милано во 2013 година, додека тој играше за Милан. Бразилскиот суд и забрани на поранешната ѕвезда да го напушти Бразил додека не одлучи дали може да ја отслужи деветгодишната казна за силување, изречена од италијанскиот суд, во неговата татковина.

Бразилскиот портал „UOL“ објави аудио снимки од 2014 година на кои Робињо разговара со пријателите за силувањето на девојката.

„Ќе ја удриме по лице. Ќе ја удриш и ќе кажеш: „Што ти направив?“, рекол Робињо. Бразилецот тврдеше дека не учествувал во силувањето.

Во аудио снимката, Робињо раскажува како го напуштил ноќниот клуб откако имал секс со девојката, додека неговите пријатели останале со неа. Тој бил загрижен што ќе се случи со него доколку инцидентот излезе во јавноста.

„Ако ова заврши во медиумите, ќе бидам уништен“, велел Робињо, а пренесуваат бразилските медиуми. Во друг момент рекол: „Таа беше пијана, не знае ни кој сум јас, ништо нема да се случи“.

16.06.2023 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега