Облeчете се топло: Денеска ќе имаме и дожд и снег
Променливо облачно време со сончеви периоди. Во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 3 степени, а дневните во интервал од 2 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 10 степени.
Времето утре ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
За време на викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа