Обожаватели на Тејлор Свифт доживеале амнезија по нејзиниот концерт
Платиле стотици долари за карта и го издржале поројниот дожд за да присуствуваат на концертот на омилената пејачка и да имаат незаборавна вечер. Единствениот проблем е што не се сеќаваат на ништо од таа вечер. Токму тоа им се случи на некои фанови кои беа на концерт на Тејлор Свифт.
По три часа и 40 песни, луѓето се вратиле дома од концертот и сфатиле дека не се сеќаваат на ништо. Звучи неверојатно, но многу обожаватели на Тејлор Свифт тврдат дека страдаат од „амнезија по концертот“.
Психолозите велат дека тоа е можно, а зад оваа појава најверојатно стојат емоциите и времето.
Обожавателите на Тејлор Свифт на социјалните мрежи пишуваат за состојби на чувство како да спијат или да се надвор од своето тело, зголемувајќи ја вината што не можеле да се сетат на клучните моменти од концертот.
Амнезијата може да биде многу сериозен симптом, кој вклучува губење на сеќавањата, искуствата и информациите што ги има.
Д-р Мишел Филипс, предавач по музичка психологија на Кралскиот колеџ за музика, вели дека можноста за амнезија по концертот не е толку страшна како што звучи. Објаснува дека на фановите им е тешко да не се сетат дека биле на концертот.
-Всушност, тоа веројатно ќе биде една од работите што ќе ги паметат до крајот на животот. Но, тие задржале некои аспекти од таа вечер во своето сеќавање, а други не, вели д-р Филипс.
Без разлика дали тие се фокусирале на танцовите движења на Свифт или уживале во чувството да се на тоа место со саканите, луѓето обрнуваат внимание на она што им е важно и ја кодираат меморијата за тие работи, наместо самата музика, објаснува Филипс.
Додава дека најлесниот начин да се разбере амнезијата по концертот е изреката дека „времето лета“ кога се забавуваме.
Филипс вели дека кога обожавателите се возбудени и толку внесени во моментот, може да се почувствува како времето одеднаш да поминало и тие не биле во можност правилно да обработат сè што виделе, слушнале и почувствувале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа