Од недела: 30 денари час паркинг на јавните паркиралишта низ Охрид

 

Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори на Општина Охрид, од 1 октомври цената на паркирањето возила низ Охрид ќе изнесува 30 денари за час.

Таа цена ќе важи за сите зони низ градот за сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини извори“, вклучувајќи ја и премиум-зоната во центарот на градот каде во летниот период чес паркирање се наплаќаше по сто денари.

Новата цена на паркирањето ќе биде на сила до 1 март наредната година.

29.09.2023 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега