Од некогашната убавица не останало ништо - сите се загрижени за славната атерка, нешто не е во ред
Ана Фарис и Крис Прат беа заедно со години, но скандалот кој се случил кон крајот на минатата година ќе ги следи засекогаш.
А, судејќи по фотографиите, тоа оставило последици и на нејзиното здравје.
Холивудската актерка Ана Фарис минатата година се венчала за снимателот Мајкл Барет, но сите и натаму најмногу ја паметат по нејзиниот брак со убавецот Крис Прат.
Имено, 42-годишната актерка и 45-годишниот убавец биле во брак од 2009 до 2018 година, а се запознале во 2007 година на снимањето на филмот „Take Me Home Tonight“. Тогаш актерката сè уште била во брак со својот прв сопруг, актерот Бен Индри.
„Кога првпат го запознав Крис постојано барав доказ дека не е толку прекрасен колку што изгледа“, напишала Ана во својата книга „Unqualified“.
По неколку години забавување, парот се венчал на интимна церемонија на Бали, а во 2012 година добиле син Џек кој на светот стигнал пред време и имал 1,7 килограми кога се родил. Поминал неколку операции и натаму имал проблеми со видот и со срцето.
Актерката напишала дека се чувствувала толку среќно што Крис бил нејзин партнер кога ја предупредиле дека малечкиот Џек има тешко крвавење во мозокот поради што би можел да има тешкотии во развојот.
Но, сепак иако важеле за еден од поскладните парови, во август 2017 година објавиле дека се разведуваат.
„Тажни сме што објавуваме дека службено се разделуваме. Навистина се трудевме многу и разочарани сме. Нашиот син има родители кои го сакаат и токму поради него ќе се обидеме оваа ситуација да ја држиме подалеку од јавноста, колку што е можно. И натаму се сакаме и секогаш ќе ги чуваме заедничките спомени“, напишале тие на социјалните мрежи. Разводот официјално се случил во 2018 година, а истата година Крис почнал да излегува со сегашната сопруга Кетрин, ќерката на Арнолд Шварценегер.
Минатата година во ноември, минатиот пар повторно бил во центар на внимание откако Крис на Инстаграм споделил фотографија со сопругата Кетрин која ја пофалил пишувајќи дека е благодарен што му овозможила да има неверојатен живот и здрава ќерка.
„Луѓе, погледнете како ме гледа. Мислам, реално. Сакам да пронајдете некој кој вака ќе гледа во вас. Ми даде прекрасен живот, прекрасна здрава ќерка, толку гласно џвака што понекогаш ставам тампони во ушите, но тоа е љубов. Ми помага во многу работи. За замена, понекогаш отворам тегла со краставички. Нејзиното срце е чисто кон мене. Таа е моето најголемо богатство. Те сакам душо“, напишал Прат.
Овој опис многумина го протолкувале како директен удар кон Ана и нејзиниот син Џек. Јавноста била згрозена со тој потег од актерот, па му порачале: „Можеби сте се запознале во црква, но ти ќе одиш во пеколот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа