Од полноќ нова цена на горивата - за месец дена литар поскап за 7 денари
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да одржи редовна седница на која меѓу другото ќе изврши и корекција на малопродажните цени на нафтените деривати.
Во последните месец дена, малопродажните цени на горивата одат само нагоре. Од 10 јануари до денеска дизелот станал поскап за 7 денари по литар и сега се продава за 79.5 денари а 95 октанскиот бензин во истиот период поскапел за 6 денари и сега се продава по 83 денари за литар.
Во последните 6 месеци, малопродажнтие цени биле највисоки на средината од септември минатата година кога литар дизел чинел 87 ден а литар бензин 90,5 денари.
Највисоката цена во историјата е регистрирана на средината од јуни 2022 година кога литар дизел чинеше 109,5 денари а литар бензин 111,5 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа