Oдбиeно барањето за предвремено ослободување на поранешен генерал на Југословенската армија

Претседателката на Преостанатиот механизам за меѓународните кривични судови во Хаг, Кармел Аџиус го одби барањето на поранешниот генерал на поранешната југословенска армија Небојша Павковиќ за предвремено ослободување од издржување затворска казна во Финска.

Во одлуката се наведува дека на Павковиќ му било одбиено привремено ослободување поради „тежината на неговите злосторства и неговиот очигледен недостаток на рехабилитација“.

Во 2014 година, генералот Небојша Павковиќ беше осуден на 22 години затвор за злосторства против Албанците во Косово во 1999 година, пренесе Танјуг.

19.05.2022 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега