Одбила да ја јаде порачаната пица која и ја донел келнер со темна кожа- сопственикот на пицеријата имаше што да и каже

 

 

Веста за жена која одби да ја јаде порачаната пица во неаполската пицерија затоа што келнерот кој служеше беше со темна кожа, стана вирална на социјалните мрежи.

„Ах, па црн е“, прокоментирала жената, позната на сопственикот на пицеријата, кога го видела келнерот, по потекло од Бангладеш.

Таа одбила да ја јаде нарачаната пица, тврдејќи дека келнерот, странец, сигурно бил заразен со коронавирусот.

Ништо не помогнало, па сопственикот на пицеријата ја замолил да излезе и повеќе да не се враќа.

„„ Госпоѓо “, го користам овој термин само поради нејзината возраст“, ​​објасни сопственикот на пицеријата, кој го опиша целиот случај на својата страница на Фејсбук, со слика на која тој и неговиот келнер, и покрај „г-ѓа“, јадат пица заедно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега