Одрони на патниот правец Скопје – Велес
Центарот за управување со кризи известува дека преку Е-112 е добиена пријава дека на патниот правец Скопје- Велес, има одрони, поточно 100 метри пред тунелот во правец Катланово накај Велес.
Од страна на РЦУК – Велес информираат дека ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта е известена за понатамошна постапка.
18.12.2023 - 16:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа