Охриѓанец тешко повреден, паднал од мопед

СВР Охрид информира дека вчера во 11.45 часот било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Охрид, М.П.(59) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата, М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Охрид, соопштија од полицијата.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.

05.08.2022 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега