ОЈО истражува дали во Делчево се поткупувале гласачи со поставување водомери

Јавното обвинителство соопшти дека до овој момент гласањето поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. 

Досега отворени се два предмети, а едниот е поради сомневање за потпук во Делчево.

-Во текот на вчерашниот ден во ОЈО Делчево заведен е предмет по побарани наредби од МВР за вршење увид во службена документација во ЈКП Делчево и Македонска Каменица поради сомненија за кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик. Сомневањата биле поврзани со наводно поставување водомери на граѓани од јавните комунални претпријатија без пари, а за поткуп при избори, рече обвинителот Џељаљ Бајрами.

Вториот случај е во Радовиш каде гласач го покажал своето ливче кон еден од набљудувачите од политича партија.

-ОЈО Радовиш денеска е известено за настан во селото Бучим кога гласач пред да го пушти гласачкото ливче во кутијата го покажал на набљудувач од политичка партија. Дадени се насоки за проверување дали постојат елементи на кривично дело од член 160 од Кривичниот законик – Повреда на слободата на определување на избирачите, изјави Бајрами.

 

24.04.2024 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега