ОЈО: Почнаа сослушувањата за пожарот во дискотеката „Пулс“

 


Сослушувањата на законските застапници на сите жртви од трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска, соопштија од Јавното обвинителство. Процесот се одвива со предвидената динамика, а сослушувањата се одржуваат во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје.

Распоредот за сослушувањата беше утврден директно во соработка со семејствата на жртвите и организацијата „Support Kocani“, што овозможува непречено одвивање на постапката и обезбедување правда за настраданите.

27.05.2025 - 13:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега