ОЈО: Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство

 


Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци каде денеска се случил трагичен инцидент.

Од обвинителството соопштија дека се издадени наредби и насоки за прибирање докази.

„Сторителот е идентификуван, но е во бегство и по него се трага“, потенцираат од обвинителството.

Претходно денеска беше објавено дека денеска, околу 10.55 часот, во Градската болница бил донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, по престрелка во скопско Батинци.

Потврда за настанот стаса и од Министерството за одбрана од каде соопштија дека лице со иницијали А. М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник, е загинато за време на трагичен настан.

11.07.2025 - 15:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега