Општина Аеродром со демант: СДСМ уште еднаш докажа аматеризам и несериозност

 

Општина Аеродром реагираше со демант на обвинувањата на СДСМ дека во Општина Аеродорм училиштата останале без храна за учениците.

СДСМ со своите партиски соопштенија уште еднаш го докажува аматеризмот, несериозноста и крајното непознавање на тоа како функционира локалната самоуправа. Денеска, локалниот огранок на СДСМ во Аеродром во јавноста пласираше дезинформација, според која градоначалникот Муцунски и општинската администрација се виновни за недостигот на ужина и топол оброк во основните училишта“, се вели во соопштението.

Општина Аеродром целосно ги отфрла овие обвинувања.

„Би сакале да ги подучиме дека за набавката на топол оброк и ужина во училиштата, одговорни се самите училишта, а не Општина Аеродром како институција кон која тие неколкупати неосновано го вперуваат прстот. Во овој момент во неколку основни училишта е во завршна фаза процедурата за обезбедување на топол оброк во соработка со училишниот одбор и советот на родители. нЕвидентни се загриженоста и разочараноста од тоа што со четиригодишно неработење, СДСМ во Аеродром ја изгуби шансата да ја продолжи праксата која самите ја наметнаа, а која предвидуваше сомнителни тендери и игнорирање на конкуренцијата во корист на еден снабдувач. Главната функција на опозицијата е да биде коректив на локалната самоуправа, а не гласник за ширење на дезинформации и неосновани обвинувања“, порачаа од општината.

07.09.2022 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега