Општина Битола целосно ќе го дигитализира процесот на работа во општината

 

Општина Битола потпиша договор за „Набавка на интегриран систем ГИС систем и систем за електронски постапки“, со кој општината целосно ќе го дигитализира и модернизира процесот на работа.

Од секторот за односи со јавност информираат дека претставници на компанијата „Интелегент нетворк солушн ДОО Скопје“, заедно со дел од вработените, почнаа активности за реализација на договореното.

Според градоначалникот Тони Коњановски, дигитализацијата на услугите е високо во приоритетите за квалитетна работа на општината и со неа ќе се овозможи значително олеснување на услугите за граѓаните и дополнителни можности за поголема ефективност и ефикасност на општинската администрација.

11.01.2023 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега