Орган кој буквално живот значи: 7 знаци дека вашиот панкреас не работи добро

 

Панкреасот е орган од витално значење, тоа е нашето друго срце. Токму поради оваа причина не смеете да ги игнорирате симптомите кои укажуваат дека неговата работа е загрозена.

Раkот на панкреасот е еден од најтешките форми на оваа опасна болест, бидејќи симптомите тешко се забележуваат во раните фази. Дури и да се манифестираат, луѓето обично ги припишуваат на некои други проблеми, па затоа е многу важно да знаете што треба да предизвика сомнеж кај вас.

Туморите на панкреасот можат да бидат егзокрини и ендокрини , при што вториот расте до десет сантиметри пред да се појават „поспецифични“ симптоми кои би ве загрижиле – болка и испакнатини, губење на тежината, зголемена слезина. .

Меѓутоа, бидејќи симптомите често се отсутни, потребно е премногу долго за да се постави дијагноза и околу 85% од луѓето го пријавуваат тоа кога ракот метастазирал во црниот дроб или белите дробови .

Со цел навреме да се дијагностицира ракот на панкреасот, експертите издвојуваат седум симптоми кои треба да предизвикаат сомнеж и да ве испратат на лекар за тест

Болка во грбот или стомакот, Честите болки во стомакот или во средината на грбот може да бидат предизвикани од тумор. Во зависност од положбата и големината, туморот може да притисне на органи во близина на панкреасот и да го блокира дигестивниот тракт, а може да притисне и на нерв

Проблем со варење, Туморот може да ги блокира или забави дигестивните процеси, па можно е, покрај дигестивни нарушувања, да има и губење на апетит и гадење.

Надуеност, Бидејќи може да предизвика проблеми со варењето, не е неочекувано раkот на панкреасот да доведе до надуеност, гасови и акумулација на течност во стомакот.

Необјаснето губење на тежината, Слабеењето ќе биде проследено со замор. Исто така, самиот тумор може да влијае на начинот на кој телото ги користи калориите и протеините и на тој начин поттикнува согорување на калории, распаѓање на мускулите, но и намален апетит .

Промена на изгледот на столицата, Многу луѓе со рак на панкреас имаат дијареа, запек или и двете . Во случај на дијареа, постојат водени, мрсни и екстремно со силен мирис столици, а сето тоа е предизвикано од недоволна количина на ензими. Забавен метаболизам , кој може да се појави кај пациенти со оваа форма на рак, може да предизвика и запек, односно сува и тврда столица.

Жолта кожа и очи, Акумулација на билирубин може да се случи ако туморот ја блокира жолчката , што резултира со жолтица на кожата и очите. Може да се јави и чешање, потемна урина и посветла столица.

Дијабетес, Дијабетесот е еден од факторите на ризик за рак на панкреасот , а истражувањата покажаа дека ненадејниот почеток на дијабетес тип 2 кај луѓе постари од 50 години може да биде ран симптом на рак .

Исто така, знак на тревога треба да биде ненадејна промена на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичари кои претходно имале контролиран дијабетес.

27.12.2021 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега