Османи: Бугарските здруженија веднаш треба да побараат графа во рамките на пописот

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, утрово се огласи во врска со реакциите на правата на бугарската заедница во земјава и порача дека граѓанските здруженија треба веднаш да ги контактираат пописните органи и да си побараат соодветна графа во пописот.

„Во јавноста се појавија реакции за односот и правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Овие реакции прво беа пласирани како мислење и ставови на одредени граѓански асоцијации, а потоа посочени како проблем и од одредени официјални претставници на Република Бугарија. 

Дозволете да истакнам:

Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права. 

Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“, напиша Османи на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега