Османи ги сликаше нашинците во Бон за пасош
Шефот на дипломатијата Бујар Османи на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии на кои тој ги фотографира нашинците во дипломатско-конзуларното претставништво во Бон за нов пасош со „Северна“.
-Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава. Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето, напиша Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа