Османи: ОБСЕ е спасена

 

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејзбук профил напиша: „ОБСЕ е спасена! Одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени!“.

Тој ги објави и другите важни одлуки кои денес се донесени:

-Малта и официјално е новиот Претседавач со ОБСЕ за 2024

-Продолжен е мандатот на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид

-Продолжен е мандатот на Високиот комесар за национални малцинства, Каират Абдракхманов

-Продолжен е и мандатот на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро

-Реизбран е Матео Мекачи на чело на ОДИХР

01.12.2023 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега