Османи од Братислава патува за Осло: Ќе има состанок со колегите од НАТО - познати темите на неформалниот состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата, како и унапредувањето на соработката со земјите – партнери.

Воеднo, министрите ќе се осврнат на финалните подготовки и клучните одлуки кои се очекува да бидат усвоени на Самитот на НАТО, што ќе се одржи во јули, во Вилнус.

31.05.2023 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега