Останала без автомобил и пари откако била измамена од нејзин сограѓанин
44-годишна жена од Радовиш пријавила во полиција дека била измамена од сограѓанинот Б.М. за сума од 193.230 денари. Според пријавата, на 13 мај 2024 година, Б.М., кој работи во локална рент-а-кар компанија, изнајмил нејзино патничко возило, но без нејзино одобрение заминал со него во Германија.
За да ја држи во заблуда, тој повремено ѝ испраќал дел од парите, а на 24 мај 2025 година повторно склучиле договор, кој тој не го испочитувал. Полицијата работи на случајот и најавува соодветна пријава по целосно документирање на настанот.
04.06.2025 - 23:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа