Остин: Украина има можност да преземе иницијатива на бојното поле

– Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека Украина има навистина добри шанси да преземе иницијатива на бојното поле.

- Мислам дека ќе имаат добри шанси да направат значајна разлика на бојното поле и да ја воспостават иницијативата. И тие ќе можат да ја искористат таа иницијатива за да продолжат напред, изјави Остин по состанокот со министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Тој наведе дека за НАТО ќе обезбеди обука на украинските војници за секој испратен вооружен систем.

- Ние сме многу фокусирани на обезбедување не само на платформите за оружје, туку и на обуката потребна за ефикасно користење на новото оружје, посочи Остин.

15.02.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега