Осуда за промената на името на паркот во Чаир: Ганиу ги нарече вандали од „Црвена Младина“

 

 

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу се огласи по промената на името на паркот Украина од страна на движењето „Црвена Младина“. Тој најостро го осуди настанот, нарекувајќи го вандалски чин.

„Општина Чаир и јас како нејзин градоначалник најостро го осудуваме вандалскиот чин на таблата со името Парк Украина која се наоѓа на нашата територија, поточно во близина на општинскиот објект. Оценуваме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот Украина што го промовиравме пред неколку недели заедно со Украинската амбасада во земјава.

Предметниот случај веќе го пријавивме до органите на редот и бараме што поскоро да се откријат сторителите и да ја добијат заслужената казна“ изјави градоначалникот Висар Ганиу.

Движењето „Црвена Младина“ од Левица вчера објавија дека ја смениле таблата со името на паркот и ставиле нова со старото име АСНОМ.

13.07.2023 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега