Осуден на 9 месеци затвор- Се заразил до коронавирусот, па кашлал врз „бившата“ сопруга ѝ ја заразил и неа
Маж во Австрија (63) бил осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга (70) со коронавирус кашлајќи кон неа.
Портпарол на регионалниот суд во Линц изјави дека 63-годишникот е осуден на девет месеци затвор и условно на три години, пишува Асошиејтед Прес.
Мажот бил осуден за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерно заразување на жртвата со ковид 19, во ноември минатата година, додека тие сè уште живееле во истата куќа, пред официјално да бидат разведени.
-Обвинетиот, чие име не беше соопштено, кашлал кон 70-годишната сопруга откако дознал дека бил позитивен на коронавирус, рече портпаролот на судот.
Мажот бил осуден и за закана на жртвата и лесна телесна повреда кога ја фатил за врат и ја убедувал да ја напушти нивната заедничка куќа.
Исто така, му било наредено да и плати 1.000 евра надомест на неговата поранешна сопруга, која во меѓувреме закрепнала од инфекција со Ковид 19.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа