Отец Тадеј: Чај вреден како злато, со овој напиток ја излечив реумата и проширените вени
Третманот на болести со народни лекови е одамна популарен. Отец Тадеј, еден од најпознатите православни духовници с традал од ревматизам кој му предизвикувал непод-нослива б олка во зглобовите, како и од затнати вени.
Отишол на лекар, но немало лекови за неговата состојба што целосно ќе го излекуваат. Побарал помош од народната медицина, а неговиот рецепт кој целосно го излекувал е запишан во старите книги.
“Се лечев во Белград. Според упатствата на сестра Борка, одев во една лековита бања со години. Топлата бања малку ми ги олеснуваше симптомите, но по некое време состојбата повторно се влошуваше. Лековите исто така. Често бев и многу уморен после третманот во бањата.
Понекогаш одев двапати годишно. Откога дознав за овој лек, не отидов никогаш повеќе и си реков што и да се случи – не одам. Мојата десна рака беше вко-чанета двапати. И лекарот ми велеше: вежбај, човеку, инаку ќе ја изгубиш и другата рака.
Имав постојана б олка. Кога и да ја кренев раката, ме б олеше. Не можев ни да се прекрстам. Имав една книга за народни билки и случајно ја прелистував. Книгата опишува лекар во Париз, кој лекувал ревматски неподвижни пациенти.
Случајот во книгата беше конкретно за лекување на една жена. Лекарот и дал на жената чај од лист црна рибизла, а жената станала од кревет и почнала да се движи. И тогаш му реков на брат ми да оди во расадник, да најде некаде и да купи садници колку ќе најде.
Тој најде 20 садници и ги донесе дома. Веднаш почнав да пијам чај од црна рибизла. Чајот се пие вака: Ставете 10 – 20 лисја црна рибизла во половина литар, во врела вода, зовриена вода. Оставете да отстојат 15 минути, а потоа процедете.
Чајот треба да се пие без шеќер. Едноставно без ништо, незасладен. Додека го пијам чајот често земам и лажичка мед под јазик и оставам медот да се слева кон грлото. И така наутро и навечер пиев од овој чај, а болките по некое време престанаа. Со овој лек успеав да го излечам ревматизмот, проширените вени и гастритисот“, откри отецот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа